-->
-->
Очекувајте пад на температурите – метеоролозите со нови најави
-->
Во текот на денот облачноста насекаде ќе се зголеми поради форнталниот систем коj спушта од север. Од пладневните часови на повеќе места ќе започнат врнежи од дожд кои локално ќе бидат поинтензивни и се очекува да наврнат околу 20 л/м2 воден талог.Особено на запад и на југозапад локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Не се исклучува можноста и за локална и ретка појава на град. Сето ова ќе биде поради судирот на две воздушни маси (многу постудената од север и топлата од југ).
Ќе почне да дува северен ветер, кој особено долж Повардарието ќе биде засилен по интензитет и вечерва ќе услови значителен пад на температурите на воздухот. Иако е мала, не се исклучува можноста поради заладувањето на највисоките планински врвови од државава да провее и сосема малку снег.
Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени во најтоплите предели од државава, меѓутоа вечерва ќе бидат во големо опаѓање.
Слаби врнежи можни се и утре наутро, меѓутоа во текот на денот облачноста од север ќе започне да се намалува, а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 25 степени во најтоплите предели.
Особено студено ќе биде во сабота наутро, кога минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интевалот од 0 до 10 степени и истите ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
