-->
-->
Очекувајте пад на температурите – метеоролозите со нови најави
-->
Во текот на денот облачноста насекаде ќе се зголеми поради форнталниот систем коj спушта од север. Од пладневните часови на повеќе места ќе започнат врнежи од дожд кои локално ќе бидат поинтензивни и се очекува да наврнат околу 20 л/м2 воден талог.
Особено на запад и на југозапад локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Не се исклучува можноста и за локална и ретка појава на град. Сето ова ќе биде поради судирот на две воздушни маси (многу постудената од север и топлата од југ).
Ќе почне да дува северен ветер, кој особено долж Повардарието ќе биде засилен по интензитет и вечерва ќе услови значителен пад на температурите на воздухот. Иако е мала, не се исклучува можноста поради заладувањето на највисоките планински врвови од државава да провее и сосема малку снег.
Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени во најтоплите предели од државава, меѓутоа вечерва ќе бидат во големо опаѓање.
Слаби врнежи можни се и утре наутро, меѓутоа во текот на денот облачноста од север ќе започне да се намалува, а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 25 степени во најтоплите предели.
Особено студено ќе биде во сабота наутро, кога минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интевалот од 0 до 10 степени и истите ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден