Македонија
30. August 2022 - 13:35

Обвинителството во Бургас побара притвор за македонскиот државјанин за шверц на 88 Авганистанци

– Обвинителството во бугарскиот град Бургас соопшти за дописникот на МИА, дека побарало притвор за 60-годишниот македонски државјанин, кој беше упсен во неделата за шверц на 88 Авганистанци.

Тој е обвинет дека се обидел да прошверцува преку Бугарија поголема група авганистански државјани.

Претстои Реонскиот суд во Бургас да закаже датум за судско рочиште.