Македонија
19. February 2016 - 18:33

Обвинителството нареди обдукција на починатата родилка од Прилеп

Основното јавно обвинителство-Прилеп нареди обдукција на починатата родилка, која во текот на вчерашниот ден во прилепската општа болница „Борка Талески“ била примена и во попладневните часови родила здраво дете.

Во денешното соопштение од Обвинителство се наведува дека повеќе часови по породувањето, односно денеска околу 1:50 часот дваесет годишната родилка починала. По констатирање на настанатата смрт, известен е надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Прилеп.

Обвинител извршил увид на лице место, при што донел наредба за обдукција на починатата родилка и наредби за обезбедување на доказен материјал.

Во насока на расветлување на настанот, во тек е преземање и на други дејствија, стоопштуваат од Обвинителството.