Обвинителството итно ќе постапува за кривични дела поврзани со изборниот ден
Во текот на изборниот ден, на 17 октомври 2021 година, ќе бидат воспоставени дополнителни дежурства во јавните обвинителства, со цел. координирано известување и следење на процесот на гласање.
-Итно и со приоритет обвинителствата ќе постапуваат по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите. Добиените известувања веднаш ќе се проследуваат до соодветните основни јавни обвинителства, во насока на проверка на наводите и донесување на одлуки за натамошно постапување, велат од Јавното обвинителство. За сите евентуални прекршувања на процесот на гласање, е отворената електронска адреса izbori@jorm.mk, каде секој кој смета дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес може да пријава.
За следење на процесот, во обвинителството е формирана привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинување за Филипче
-
Дипломатски активности за деблокада на европските интеграции
-
Стојанче Ангелов менува директорска позиција - Ќе го спасува ДЗС од агонија
-
Божиновска смета дека Чебрен и Галиште треба да ги гради државата
-
Се зголемува економската соработка помеѓу општината Тире од Турција и општина Прилеп
-
Балкански самит на МААА
-
Преглед на вестите од светот
-
Софија денеска ќе одговори дали ќе се одржи средба меѓу претставниците на самитот во НАТО во Хаг