-->
-->
Обвинителството бара притвор за Ива Михаилова
-->

Откако Ива Михаилова не била пронајдена на домашната адреса и не ја исполнила обврската за редовно јавување во полиција, Основното јавно обвинителство Кочани поднело предлог за определување притвор за обвинетата. За случајот, обвинителството било известено утринава од Основниот суд Кочани.
Оттаму посочуваат дека судот може да постапува и по службена должност, без да чека предлог од јавен обвинител.
Во октомври 2025 година, во рамки на постапката за сообраќајната несреќа со смртни последици, на Михаилова ѝ биле одземени македонскиот и бугарскиот пасош. Воедно, ѝ биле изречени забрана за преминување на државната граница со лична карта, забрана за напуштање на Кочани и обврска за редовно јавување кај службено лице.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
