Обвинителство ќе го гони професорот од Струга, кој со железен боксирач удри ученик
Струшкото Основно јавно обвинителство поднесе Обвинителен предлог против 57-годишен професор од Струга, за сторено кривично дело „насилство“ од член 386 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Струга.
– Обвинетиот на 23.12.2021 година околу 13:30 часот, со боксирач удрил ученик на возраст од 18 години. Физичкиот напад следел по претходно влошени меѓусебни односи и вербална расправија. Притоа, обвинетиот замавнал со десната рака на која претходно го имал ставено железниот боксирач и го удрил оштетениот ученик во пределот на главата. Со преземените дејствија обвинетиот нанел телесни повреди кај оштетениот, извршил грубо насилство и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, објаснуваат од струшкото обвинителство.
Обвинителството до надлежниот суд достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.
Ново на Сител
-

Четири лица лишени од слобода, вкупно седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Гаши: Да се разјасни случајот со постапувањето кон пратениците на граничниот премин Ќафасан
-

Авионско прскање против комарци утре во Скопје
-

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан", останатите што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето
-

Малолетник се здобил со тешки повреди возејќи тротинет во Гостивар
-

Животните во ЗОО паркот во Штип имаат дополнителна грижа и исхрана на летните температури
-

Земјотрес во Македонија – епицентарот кај Велес
-

Тешка сообраќајка кај село Робово - жена загина откако се судрила со камион
