Обвинетиот за убиството на охриѓанецот Матилоски ќе излезе од притвор

Основниот суд од Охрид ја укина мерката притвор за Бојан Угреновиќ (30), српскиот државјанин обвинет за убиство на охриѓанецот Димитар Матилоски ноќта на пречекот на 2016 година.
Тоа е последица на недоречености во легислативата, оттаму што Судот не успеа во законскиот рок од една година да донесе правосилна пресуда по предметот.
Судот во Охрид во првото судење го прогласи обвинетиот за виновен, изрекувајќи му затворска казна во времетраење од 16 години. На првото рочиште по предметот одржано на 15 декември 2016 година обвинетиот целосно ја призна вината, изразувајќи жалење за смртниот исход и каење за стореното дело.
Одбраната потоа ја обжали одлуката и пресудата пред Апелацискиот суд во Битола, кој поради одредени забелешки го врати предметот на повторено судење.
Поради одредени технички причини повтореното судење на почна навремено, поради непојавување на обвинетиот на првиот, односно на неговиот адвокат на вториот закажан датум за првото рочиште. На третиот обид за почеток на повтореното судење, обвинетиот го смени целосно својот исказ по однос на обвинението, изјаснувајќи се како невин за делото што му се става на товар.
Менувањето на исказот правно значи потреба од сосема ново судење, односно целосно враќање на процесот од самиот почеток. Истовремено на тој начин истекува притворот за обвинетиот, за кого се уште важат мерки на претпазливост, да не ја напушта територијата на Република Македонија, одземена му е патната исправа пасош и обврзан е да се јавува пред надлежниот орган.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
