Обука за заинтересираните апликанти за инструментите на Фондот за иновации

Фондот за иновации и технолошки развој организира Обука за анализа на ризици, пазарен потенцијал, финансиска проекција и заштита на права од интелектуална сопственост за потенцијалните апликанти за инструментите на поддршка на Фондот.
Обуката ќе се одржи во Скопје, а наменета е за претставници на микро, мали и средни претпријатија и установи кои вршат научно-истражувачка или високообразовна дејност, како и студенти кои се заинтересирани за инструментите на Фондот.
Фондот за иновации и технолошки развој континуирано одржува обуки и инфо настани со цел јакнење на капацитетите на потенцијалните апликанти за инструментите на поддршка на Фондот. При спроведување на првиот повик за инструментот за поддршка Кофинансирани грантови за новоосновани претпријатија старт ап и спин оф, идентификувани се неколку теми за обука како клучни за апликантите со цел подготовка на квалтетни предлог проекти.
Ново на Сител
-

Младите од Црвениот крст во Струмица со мали проекти поттикнуваат хумани дела
-

Мицкоски во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Градот Скопје обезбеди 3 милиони евра за катни гаражи на Клинички
-

Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-

Инспектор на ДЗС: „Пулс“ не ги исполнувал условите за противпожарна заштита
-

Комеморативна седница за годишнина од пожарот во Кочани
-

Ако маркетите не си останат на зборот и почнат со поскапувања, државата веднаш да интервенира, велат од ОПМ
