Обука за наставници кои работат со деца со пречки во развојот

Од денеска до петок во Скопје се одржува обука за наставници и стручни лица кои работат со деца со пречки во развојот. Обуката ја организира Турската владина Агенција за соработка и координација (ТИКА) во соработка со здружението „Бела месечина“ од Турција кое делува во областа на дефектологијата.
За време на петдневната обука, експерти од Турција ќе се обидат да им ги пренесат своите искуства на колегите од Македонија, по што е планирано претставници од Македонија да ја посетат Турција.
Целта е да се допринесе во подобрување на квалитетот на образованието на овие деца, а идејата, како што беше посочено на денешниот почеток на обуката, потекнува од декември минатата година кога претставници на здружението „Бела месечина“ ја посетиле Македонија.
Од ТИКА најавија дека се планира и посета на државните институции кои работат со деца со пречки во развојот, со цел да се помогне во подобрување на условите за работа во овие установи.
Директорката на посебното основно училиште „Златан Сремац“, Ана Шикалска на официјалниот почеток на обуката истакна дека Македонија има доста направено на ова поле посочувајќи ги притоа задоволителниот број на установи, значителниот број стручни лица кои работат со деца со пречки во развојот, формирањето на голем број невладини организации, како и преземањето на сериозни чекори за инклузија на овие деца во редовниот образовен систем.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
