-->
-->
Обрван: Напорно е за нас, но и за нашите ривали
-->

Машката ракометна репрезентација на Македонија трет ден ги одработува подготовките за претстојните олимписки квалификации што ќе ги игра во Гдањск, Полска. Селекторот Ивица Обрван од повиканите 20 ракометари дури од утре ќе може да смета на сите.
Поради клупски обврски отсуствуваат: Дејан Манасков, Стојанче Стоилов, Велко Маркоски и Никола Митервски, додека поради повредата на прстот отпадна Филип Лазаров.
Присутните ракометари денеска претпладне работеа во две групи во СЦ „Јане Санадснки“ и во фитнес центарот во комплексот.
- Сите знаат што не чека. Ако е напорно за нас да играме во три дена три натпревари напорно е и за нашите ривали. Можеби Тунис е во мала предност бидејќи во првото коло ќе игра против Чиле, а ние со домаќинот Полска. Но, едно е сигурно ќе мора максимално да играме на сите дуели. Имаме група која можеме успешно да ја минеме и да постигнеме успех. Воедно и со тоа да ги израдуваме сите во Македонија и оваа селекција да биде првата која ќе избори настап на Олимписки игри во еден колективен спорт, изјави Обрван.
Репрезентацијата во Скопје ќе тренира до среда вечер, кога е последниот тренинг, а во четврток наутро се заминува за Полска.
Македонија во Гдањск за ривали ги има селекциите на Полска, Тунис и Чиле.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

НАСА се подготвува за новата мисија со луѓе на Месечината - прва по 53 години
-

Со само 100 денари отклучен уште еден стан во Скопје!
-

Камерите со вештачка интелигенција во Атина започнаа да регистрираат и да испраќаат казни за сообраќајни прекршоци
-

Инфантино: ФИФА ќе обезбеди најдобри можни услови за Иран на СП
-

Македонските фудбалери гостуваат во Ирска
-

Иранскиот комитет го одобри нацрт-законот за воведување патарини во Ормуската Теснина
-

Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјата
-

Иран продолжува со ракетните напади врз земјите од Персискиот Залив
