Обраќањето на Туск на македонски, не остана незабележано во Грција

Одлуката на Доналд Туск изјавата на прес-конференцијата со Зоран Заев да ја даде на македонски јазик, не остана незабележана од грчките медиуми. Дел од новинарите во Грција, акцентот во нивните текстови го ставија токму на македонскиот јазик на претседателот на Европскиот совет.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во текстовите во грчките медиум, зборот македонски е во наводници или пак го користат терминот „славомакедонски јазик“.
- На „македонски“ јазик говореше претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск за време на изјавите со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев во Скопје, како што соопшти самата ЕУ. Постапката на Туск доаѓа во момент кога јазикот и идентитетот на граѓаните на ПЈРМ се дел од „трновите“ што ги измачува преговорите меѓу Атина и Скопје за скопското прашање. ЕУ официјално ја признава соседната земја под името поранешна југословенска Република Македонија, објави грчката телевизија Скај.
- Господинот Туск, од негова стана, одбра да даде изјава, користејќи го славомакедонскиот јазик, главниот идиом што се зборува во ПЈРМ, за време на заедничката прес конференција со господинот Заев, пишува „Катимерини“.
Грчките медиуми во продолжение ги пренесуваат ставовите на Туск, но и на премиерот Заев во однос на европската перспектива на Македонија.
Ново на Сител
-

Девет пријави за семејно насилство за 24 часа во државата, четворица приведени
-

Нето платата во април 48.779 денари
-

Утре нестабилно време, сончев и топол викенд во најава
-

Полицајци од Македонија, Косово, Црна Гора и Италија ќе патролираат по албанското крајбрежје за безбедна туристичка сезона
-

Заврши средбата Гаши-Доцова во Софија: Неопходно е продолжување на дијалогот на парламентарно ниво
-

Претрес во Росоман, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Детската клиника во Скопје со најниска стапка на смртност во историјата на Клиниката
-

Мицкоски: Граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимално најниски цени
