-->
-->
Обрадовиќ го „заборави“ Антиќ и загуби!
-->

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ беше творец на пресвртот во финалето на Евролигата кога екипата на Фенербахче успеа да анулира дури 21 поен негатива против ЦСКА Москва и дури и да поведе во последната минута од мечот.
Антиќ за 17 минути игра постигна 16 поени (11/12 слободни, 1/2 за два, 1/2 за три).
За жал Обрадовиќ потоа го заборави и воопшто не му даде шанса во продолжението форсирајќи ги Калиниќ и Богдановиќ кои имаа катастрофална вечер и на крајот сето тоа резултираше со пораз на Фенербахче а Обрадовиќ го загуби своето прво финале откако претходно освои 8 трофеи.
Антиќ, кој има две титули со Олимпијакос, не успеа во своето трето финале да ја освои и третата титула европски првак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
-

Македонија има најмногу заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа
-

Септемвриските пензии ќе се зголемат за 3%
-

Реакции по изјавата на Jотова: „Немаме што да делиме со Македонија затоа што историјата ни е заедничка”
-

Партиски реакции по одлуката на ОЈО ГОКК да го затвори случајот „Mодуларни болници“
-

Сите кои издаваат сместување имаат обврска да платат данок
