Обновени летовите на истанбулскиот аеродром

Летовите на меѓународниот аеродром во Истанбул „Ататурк“ беа обновени по прекинот од околу 24 часа поради неуспешниот обид за воен удар.
Летови од и до Истанбул вчера попладне извршуваа воглавно турските авиопревозници, додека другите авиокомпании сметаа дека им е потребен уште еден ден за да се уверат дека мерките за безбедност се целосно воспоставени.
Претходно националниот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ соопшти дека се обновени летовите од меѓународниот аеродром во Истанбул по неуспешниот обид за преврат во петокот вечерта, додека некои странски авиопревозници ги откажаа летовите во текот на викендот.
Портпаролот на „Туркиш ерлајнс“ изјави дека летовите повторно се извршуваа согласно редовниот распоред во третиот по големина аеродром во Европа, иако може да се очекуваат одредени доцнења.
Доцна синоќа авиони ловци повторно се појавија на небото над Истанбул. Турски официјален претставник, кој побарал анонимност изјави дека пет ловци Ф-16 патролираат во воздушниот простор на Истанбул.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
