Обнова на фасади на станбени објекти во Општина Карпош
Во Општина Карпош се почнати активности за реставрирање фасада на зградата на улицата „Љубљанска“ бр.1, а ќе се обновува фасадата и на станбениот објект на улицата „Воденска“ бр.6.
Вкупната инвестиција за двата објекта ќе изнесува 4.800.000 денари и ќе биде покриена од буџетот од Општина Карпош. Рокот на изведба на двата објекта е 21 ден, а според општината се планира до октомври оваа година да бидат целосно реконструрани 11 згради.
Според градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, и покрај многубројните паркинг простори, станарите ќе имаат можност за бесплатно паркирање во близина.
- Станарите на „Љубљанска“ 1 ќе добијат бесплатен паркинг простор во ТЦ „Скопје Сити Мол“ и ќе немаат никаков проблем при паркирање на своите возила. Исто така, сакам да ги замолам граѓаните со заеднички сили со локалната самоуправа, да ја реконстурираме и покривната конструкција, со тоа што локалната самоуправа ќе издвои средства за лимот, парната брана и изолацијата, а пак граѓаните ќе треба да ги покријат трошоците за работната рака, рече Јакимовски.
Соработката со „Хабитат Македонија“, дополни, е од големо значење бидејќи се подготвени да одобрат повеќегодирен кредит, со што почнатите згради и најавените девет кои дополнително ќе се работат, целосно ќе бидат реконстурирани.
Ново на Сител
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“
-
Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи
-
Ново задолжување од 35 милиони евра
-
Приведена 23 годишна девојка од Кочани, натепала 69 годишна жена ѝ ја одзела чантата со пари
-
Продолжува дигитализацијата на општина Кисела Вода
-
Саборот ќе гласа за новата хрватска влада
-
Најмалку четворица загинати во невремето во Хјустон
-
СПМ: Владите на СДС со катастрофалните политики ја доведоа државата во подредена состојба