Македонија
18. March 2021 - 8:05

Облачно со умерен ветер, вечер снег на планините и пониските места

Времето ќе биде умерено до повремено значително облачно.

Преку денот на планините и понекаде на повисоките места ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Од вечерните часови од југ ќе се прошират врнежи кои ќе бидат од снег на планините и на повисоките места, а во планинските региони снег ќе провејува понекаде и на пониските, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.