Македонија
24. јуни 2019 - 8:41

Облачно со сончеви периоди, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и град. Температурите од 11 до 20 а максималните од 26 до 33 степени.

УВ вредноста ќе биде 7.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на невреме.

Температурите од 18 до30 степени.