Облачно со пороен локален дожд и грмежи
Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.
Минималните температури ќе бидат во интервал од 8 до 14, а максималните ќе достигнат од 20 до 28 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град.
Минималните температури ќе се спуштат до 13, а максималните ќе достигнат до 28 степени.
Во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи.
Во четврток во западните делови ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Дневните температури од сабота со засилен северен ветер ќе бидат во опаѓање.
Ново на Сител
-
Модриќ потпиша за Милан
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД
-
Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули