Облачно, попладне дожд и грмежи
- Времето денеска ќе биде променливо облачно, а околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и можна појава на град.
Утринската температура ќе се движи од седум до 15 степени, а дневната од 23 до 30 степени. УВ индексот ќе изнесува шест.
Во Скопје променливо облачно, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 12 до 29 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Поизразена нестабилност ќе има и в недела, кога локално повторно ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и можна појава на град.
Ново на Сител
-

СДСМ: Случајот Груби е режија
-

ССМ ја напушти седницата на економско социјалниот совет
-

ДКСК: Финишира предметот за Цвета Ристова
-

Калиманци полна, стартува наводнителната сезона во Кочанско
-

Аерозагадувањето проблем и во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
