Објавени за продажба нови 25 градежни парцели во четири зони во Гевгелија

Општина Гевгелија денеска објави продажба на нови 25 градежни парцели од кои 21 за станбени куќи и четири за објекти од лесната индутрија кои се лоцирани во четири градски зони.
Според известувањето од одделението за урбанизам, сите парцели ќе се продаваат со почетна цена од 61 денар за квадрат.
Шест од понудените градежни парцели за станбени куќи,чија површина се движи од 312 до 543 квадрати, се наоѓаат во населбата „Касарна“ само три градежни парцели за станбени куќи со посебен режим, со површина од 1.120 до 1.480 квадрати, се понудени во населбата „Мрзенски рид„, а најмногу, поточно 12 парцели со зафатнина од 292 до 574 метри квадратни,се наоѓаат во населбата „Караорман“.
Понудените четири парцели за изградба на објекти од лесната незагадувачка индустрија, чија што површина се движи од 2.684 до 5.457 квадрати,се наоѓаат во месноста „Сува река“ во јужната градска зона каде на претходната аукција беа продадени две парцели.
Понудите за градежните парцели за станбени куќи треба да се достават најдоцна до 5 октомври, за објектите од лесната индустрија до 17 октомври, а електронското јавно наддавање ќе се одржи на 19 октомври со почеток во 11 часот.
Ново на Сител
-

Модуларните болници не биле капацитети во кои можела да се пружа интензивна медицинска нега, тврдеше Чибишев уште во 2021 година
-

Тошковски: Десет лица осомничени во истрагата за запленетите 40 тони канабис, двајца се во 48-часовен притвор
-

ЗОИ 2026: Норвешка лидер по бројот на освоени медали, седум финални дисциплини
-

Поранешниот принц Ендру ослободен од притвор
-

Забрана за сообраќај на камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража
-

Научно-стручна расправа за Предлог-законот за помилување
-

Орбан ѝ се закани на Украина со прекин на електричната енергија поради блокадата на руска нафта по нафтоводот „Дружба“
-

Иран не бара војна, но ветува одговор на каков било напад од САД
