Објавени добитниците на наградата „Златен прстен“

Годинашни добитници на меѓународната награда „Златен прстен“ за книжевен творечки опус се писателите Санде Стојчевски (Македонија), Ненад Груичиќ и Зорица Арсиќ Мандариќ (Србија), Радомир Улјаревиќ (Црна Гора) и Јованка Стојчиновиќ Николиќ (Босна и Херцеговина).
Традиционалната меѓународна награда „Златен прстен“ ја доделуваат Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија Презент“ од Скопје.
Наградата ќе биде врачена на претстојниот Меѓународен саем на книгата, кој ќе се одржи од 12 до 18 април во Скопје.
Инаку, досегашни добитници на наградата „Златен прстен“ се: Милан Ѓурчинов, Ферид Мухиќ, Светлана Христова Јоциќ, Васил Тоциновски, Петре Бакевски, Веле Смилевски, Тодор Чаловски, Ристо Василевски, Јордан Плевнеш, Раде Силјан (Македонија), Фиона Самсон (Англија), Петар Опачиќ, Борислав Павловски (Хрватска), Бања Нацуиши (Јапонија), Владислав Бајац, Момо Капор, Радомир Андриќ, Ева Рас, Душица Илин (Србија), Сергеј и Тетјана Ѕуба (Украина) и Аднан Озер (Турција).
Ново на Сител
-

Пожар во нова станбена зграда во Кисела Вода, станарите евакуирани
-

Димитриеска-Кочоска: Законски измени за зајакнување на надзорот и воспоставување повисоки стандарди за работа на финансиските друштва
-

Јапонија успешно лансираше прва ракета со погон на течно гориво
-

Мицкоски и владина делегација на бизнис-форум во Истанбул
-

Пресврт на СП2026: Јужна Кореја ја совлада Чешка
-

Уапсени четворица турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Најмногу дожд во Тетово и Крушево
-

Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија
