Oбјавена книга за хералдиката од Снежана Филипова

Книга „Студии за хералдиката во Македонија“ од д-р Снежана Филипова е објавена од Друштвото за издавачка дејност Македоника литера од Скопје.
Книгата содржи стручни и научни сознанија и анализи од областа на историјата на уметноста, фокусирани врз хералдиката во средновековните уметности и археолошките наоди откриени во последните години во Македонија.
Овој труд дава значаен придонес во афирмирањето на македонското уметничко и интелектуално наследство. Во ова издание се содржани шест значајни научни трудови кои третираат процеси, како и case studies во историјата на уметноста на средновековна Македонија на синтетичен и компаративен начин. Хералдиката во Македонија е согледувана во поширок контекст – првенствено балканскиот, но и европскиот хералдички контекст. Откривањето на најстарите хералдички грбови од 12 век од Св. Пантелејмон во Нерези и нивно детално интерпретирање како и разоткривањето на портретите на Комненовската династија во ликот на светите воини, е голем придонес на авторката за поместување на датирањето на најстарите грбови во Европа, односно воведување на Македонија во светската мапа на хералдички земји. Книгата е богато илустрирана и е целосно печатена во боја.
Снежана Филипова е професор на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за историја на уметноста со археологија, каде што ги предава предметите Средновековна европска уметност, Хералдика и Методологија на историјата на уметност. Објавила неколку монографии за средновековната уметност и повеќе научни трудови посветени на хералдиката во Македонија.
Ново на Сител
-

Ива Михајлова е во Бугарија, молк од институциите како ја поминала границата
-

Стартува Безбеден град во Охрид
-

СДСМ: Мицкоски објавува анкети со пад на довербата од 40% и ги убедува граѓаните дека живеат подобро
-

ВМРО-ДПМНЕ: На анкетите јасно се гледа дека Филипче има рејтинг од 3%
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
