Објавена „Автобиографија“ од Григор Прличев во издание на ПНВ Публикации
Во издание на ПНВ Публикации од Скопје од печат излезе „Автобиографија“ од Григор Прличев во превод, адаптација и со предговор од Славе Ѓорѓо Димоски. Во книгата е поместен е и есејот „Мечта на еден старец“ и прв пат на едно место застапени се двата автобиографски текста на славниот охридски поет.
Преводот на „Атобиографија“ е направен според првообјавениот текст во „Сборник на народни умотворенија, наука и книжнина“, објавен во Софија 1894 година, една година по смртта на Прличев, а „Мечта на еден старец“ во весникот „Балкан“ од 18 април 1883 година во Софија.
Во двата случаја се следат оригиналните, но заради читливоста, а имајќи предвид дека „Автобиографија“ е наменета за помладиот читател, нејзиниот текст е пренесен на современ македонски јазик и е поделен на помали целини, одделени со белини, што овозможуваат поголема динамика при читањето.
„Автобиографија“ во превод на Ѓорѓо првпат е објавена во 2001 година како лектирно издание за осмо одделение, со што после 50 години е втор превод на ова знаменито дело на Прличев, а првиот е на Тодор Димитровски, но за ова издание направени се поголеми интервенции во јазична и во структурална смисла.
Промоцијата на „Автобиографија“ ќе се одржи во рамките на годинашните Прличеви беседи, во понеделник на 6 февруари во ќуќата на Прличев во Охрид, а за книгата ќе зборува проф. д-р Димитар Пандев.
Ново на Сител
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес