Објавен трејлерот за новиот филм „Убавицата и ѕверот“

Една од омилените бајки „Убавицата и ѕверот“, пристигнува во ново светло, како еден од најочекуванит филмови во 2017 година.
Главните улоги во оваа екранизација на бајката ги играат Ема Вотсон и Ден Стивенс, а сега е објавен и трејлерот, со цел да се даде мал вовед во она што не очекува.
Според тоа што можеше да се види во двете минути на трејлерот, не чека вистинско волшебство, а младата надеж на Холивуд, убавата Ема, навистина се покажува како совршена за оваа улога.
Да потсетиме, Ема веста за новата улога ја објави на Фејсбук уште во јануари оваа година.
- Конечно можам да ви кажам... Ќе ја играм Бел во новиот филм „Убавицата и ѕверот“. Таа приказна играше значајна улога во моето растење, па ми беше нестварно да замислам дека ќе танцувам на „Be Our Guest“ и ќе ја пејам „Something There“. Шестгодишното девојче во мене плаче од среќа. Време е за часови по пеење. Со нетрпение чекам да го видам филмот, објави тогаш Вотсон.
Ново на Сител
-

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3
-

Американската армија треба да е подготвена за борба околу Месечината, изјави главниот воен советник на Трамп
-

САД усвои закон за нови санкции и царини против Русија
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
