-->
-->
Објавен трајлерот за новиот филм на Тарантино
-->
По долго очекување љубителите на филмовите на Квентин Тарантино, конечно можат да го видат првиот официјалан трајлер за неговото најново филмско остварување „The Hateful Eight“.
Трајлерот беше објавен синоќа на службениот канал на компанијата „Вајнстејн“, а премиерата, во одбран број кина, е најавена за католички Божик оваа година. Редовното прикажување на филмот низ кината во светот е предвидено за следната 2016 година.
Приказната се одвива десет години по американската Граѓанска војна, во текот на зимскиот период во државата Вајоминг.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Семјуел Л. Џексон, Тим Рот, Курт Расел и Џенифер Џејзоп Ли.
Судејќи според трајлерот, во филмот го има се она на што сме навикнати од Тарантино.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски