Објавен повик за изработка нови идејни решенија за типски куќи
Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за изработка на шест идејни решенија за изградба на објекти со намена за индивидуално домување.
Како што информира Министерството за транспорт и врски, според јавниот повик, се предвидува идејните решенија за типските куќи да бидат со големина од 50м2, 70м2, 90м2, 110м2, 130м2 и 200м2. Јавниот повик трае до 16 март 2016 година.
Откако ќе се изберат идејните решенија, ќе се изработат проекти кои ќе бидат објавени на веб страницата на Министерството за транспорт и врски од каде ќе може бесплатно да се преземат.
- Со оваа мерка Министерството за транспорт и врски преку обезбедување бесплатен проект за типски куќи, овозможува субвенционирање од 900 до 2500 евра за изградба на куќа. Многу е важно што преку оваа мерка се намалуваат и роковите за вадење на одобрение за градење, наведуваат од Министерството за транспорт и врски.
Претходно Министерството за транспорт и врски изработи готови проекти за индивидуални куќи за домување со големина од 60 м2, 80м2, 100м2, 120м2, 150м2 и 180м2. Сите граѓани кои се заинтересирани за готови проекти за типски куќи за индивидуално домување, имаат можност да ги превземат од веб страната на Министерството за транспорт и врски или да ги подигнат директно од просториите на Министерството.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o