Објавен Конкурсот за стипендии за студирање на 100-те најдобри универзитети во светот

Владата на Република Македонија седма година по ред го објави Конкурсот за стипендија за студенти кои ќе запишат прв, втор или трет циклус на студии на некој од 100-те најдобри универзитети во светот, според ранг-листата на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џио Тонг универзитет.
Конкурсот за доделување стипендии за академската 2017/2018 година е објавен на специјализираната интернет-страница www.stipendii.mon.gov.mk, а рокот до кога кандидатите ќе може да аплицираат е 1 септември 2017 година.
- Се работи за мерка која нашата земја ја издвојува како единствена во регионот и една од ретките во светот, ако се земе предвид дека станува збор за исклучителна можност - високи стипендии и голема буџетска ставка која се одвојува оваа како и во претходните години. Паричните износи кои ги исплаќаме на годишно ниво достигнуваат до 40.000 американски долари, само за покривање на уписнината, а дополнително се покриваат и трошоците за живот, сместување и превоз, рече на прес-конференција заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
Конкурсот предвидува поддршка за студентите кои ќе се запишат и ќе студираат во областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економија и финансии, физика, биологија, хемија и генетика.
Покрај главниот услов за добивање на стипендијата - студентот да е запишан на некој од 100-те најдобри универзитети во светот, потенцијалниот кандидат треба да исполни и други услови - да е државјанин на Република Македонија, да не е корисник на стипендија од друг давател и да има постигнато успех во претходното образование.
По завршувањето на студиите кандидатите, согласно со договорот што ќе го потпишат за користење на стипендијата, ќе имаат обврска да се вратат во Македонија и да работат во јавниот или во приватниот сектор најмалку двојно поголем период од периодот на стипендирањето.
Ристовски апелираше заинтересираните да се пријават на конкурсот. Соопшти дека во изминатите години оваа поволност ја искористиле околу 200 македонски државјани и најголем дел од нив веќе го завршиле студирањето.
Ново на Сител
-

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
