Објавен конкурсот за наградата „Жан Моне“ за 2015 година
Делегацијата на Европската Унија го објави конкурсот за наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во покривањето теми поврзани со ЕУ и со пристапувањето на земјата кон ЕУ, соопшти Канцеларијата на ЕУ во Скопје.
Наградата „Жан Моне“ ќе биде доделена во три натпреварувачки категории за најдобар новинарски напис (за написи објавени во печатени медиуми и/или на интернет), за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатените медиуми и/или на интернет) и за најдобра аматерска фотографија.
Творбите што ќе учествуваат во категоријата за најдобар новинарски написи се авторски написи за ЕУ и за пристапувањето на земјата кон ЕУ објавени во домашни весници, списанија и на веб-страници во периодот меѓу 16 ноември 2014 и 17 ноември 2015.
Конкурсот за најдобра репортерска награда (за фотографии објавени во печатени е отворен за сите професионални фоторепортери и фотографи од земјата, кои ќе може да испратат најмногу три (3) фотографии за теми поврзани со ЕУ, објавени во периодот помеѓу 16 ноември 2014 и 17 ноември 2015. Наградата за оваа категорија е статуетка, диплома и парична награда од 1.000 евра.
Конкурсот за најдобра аматерска фотографија е отворен за сите фотографи-аматери од земјата, кои може да достават една фотографија на тема поврзана со ЕУ или со пристапувањето на земјата кон ЕУ. Фотографиите што се натпреваруваат во оваа категорија може, но не мора да бидат претходно објавени. Наградата за аматерска фотографија е диплома и парична награда од 500 евра.
Текстовите и фотографиите треба да се испратат на имејл-адресата JMcompetition@euic.mk, најдоцна до 17 ноември 2015, до 14 часот. Наградата за оваа категорија е статуетка, диплома и парична награда од 1.000 евра.
Церемонијата за доделување на наградите ќе се одржи на 17 декември 2015 година.
Ново на Сител
-
Повеќе од 150 делегации се регистрираа за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
-
Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам
-
УХМР: До понеделник пониски утрински температури, дневните во пораст
-
МВР: Пријава за угостител кој точел алкохол на малолетно лице во Македонска Каменица
-
Во Штип почна Фестивалот „Shtip Street Food Festival“
-
Најмалку 20 загинати во невреме во САД
-
Тетовец изгубил станови во Тетово и Охрид откако зел пари со камата од 25.000 евра од двајца сограѓани
-
Одземена биста од гробиштата во Бутел