Обилни врнежи во земјава, најмногу дожд во Маврово и Лазарополе
Во Маврово и Лазаропле во изминатите 24 часа имало најмногу дожд. Во Маврово, според информацијата од УХМР, наврнале 47 литри на метар квадратен и 45 литри во Лазарополе.
Врнежи од дожд се регистрирани повеќе во западниот дел од земјата. Во Битола и Претор наврнале 32 литри на метар квадратен, во Пожаране 30 литри, Крушево 28, Охрид 23 литри, Дебар 19, Тетово, Куманово и Тополчани 12 литри, Прилеп 10, осум Скопје Петровец, седум во Скопје Зајчев рид и Ѓуриште, три во Штип, два во Гевгелија и еден литар во Струмица, Крива Паланка, Демир Капија, Берово и Дојран.
И во текот на денот метеоролозите најавуваат пообилни врнежи, кои локално ќе бидат во форма на невреме, со грнежи, засилен ветер и услови за појава на град.
Температурата ќе се движи од 12 до 19 степени.
Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд, а температурата ќе се искачи до 19 степени.
Нестабилно време ќе се задржи до петок, на места со обилни врнежи од дожд од 50 до 60 литри на метар квадратен. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.
Сончево и потопло време најавуваат метеоролозите за викендот.
Ново на Сител
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица