Македонија
4. October 2021 - 18:01

Обид за напад со метален предмет врз градоначалникот на Лозово

МВР информира дека градоначалникот на општина Лозово во полиција пријавил загрозување на сигурноста.

На 02.10.2021 околу 17.20 часот во ОВР Свети Николе А.В., градоначалник на општина Лозово пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста“ во с.Каратманово, светниколско, од страна на С.С.(47) од ова село, кој во С. Каратманово тргнал кон него со метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.