Обичаи за Велики Петок: Ова никако не смеете да го правите на најтешкиот ден во годината

Велики петок се смета за најтажниот ден во христијанството и на тој ден не се служи литургија во црквите, освен ако не се поклопи со Благовестие.
Од Велики четврток до Велигден не бијат црковните ѕвона зошто во православната црква тие се знак на радост. Православните христијани во недела на 1 мај го одбележуваат Велигден.
Велики петок строго се празнува. Тој ден е со црвена боја во календарот и тоа значи дека не се работат ниту домашните ниту земјоделските работи. Жените на овој ден не смеат да земат игла во раце, зошто се верува дека ќе им се појават пликови.
На овој ден се почитува строгиот пост, дома не се пали оган, не се готви па дури и леб не се меси тоа утро.
Исто така на овој ден не се слуша никаква музика, не се пушат музика, како ни црковни ѕвона.
Постои верување дека девојките на овој ден ако украдат цвеќе од црквени порти и го стават под перница, ноќта пред Велика сабота ќе го сонат својот иден маж. Се верува дека оној кој на Велики петок ќе ја измие косата во текот на целата идната година нема да го боли глава, и ако куќата малку ја “помести“ со метла, која потоа ќе ја фрли метлата, со неа ќе го исфрли сето зло од куќата и домаќинството.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски најави почеток на градба на нов клинички центар на почетокот на идната година
-

Поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Беровски“
-

Психолошки лузни кај децата по разводот на родителите
-

Градот Струмица како инспирација на младите ликовни уметници
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
