Обезбедени 270 милиони евра за изградба и реконструкција на патишта

Повеќе од 60 патни правци во должина од 800 километри ќе бидат изградени, реконструирани и обновени за што се обезбедени вкупно 270 милиони евра, најави денеска премиерот Зоран Заев, презентирајќи ја стратегијата и плановите на Владата за изградба на патната инфраструктура.
Годинава, како што истакна премиерот Заев, ќе бидат комплетирани автопатските делници Демир Капија-Смоквица и Миладиновци-Штип, а се планира да започне и изградбата на три експресни патишта.
- Станува збор за долгорочни инфраструктурни проекти, нагласи премиерот Заев, додавајќи дека дел од патиштата ќе бидат завршени годинава.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески посочи дека се надминати сите затечени препреки на автопатот Демир Капија-Смоквица и оти се очекува тој да биде пуштен до крајот на април, а автопатот Миладиновци - Штип да биде завршен до крајот на септември.
Дел од вкупните средства се обезбедени од Буџетот, а дел од заеми од меѓународни институции.
Ново на Сител
-

Клековски: Акутната фаза на епидемијата е во смирување
-

Пет пациенти на Инфективна клиника со западно-нилска треска
-

Мицкоски: Следната недела очекувам големо намалување на цените на бензините
-

Градежни активности на нов стадион, инфраструктурни проекти и патна инфраструктура во Општина Илинден
-

Оризопроизводителите бараат слободен увоз на препарати
-

Со 64 гласа Собранието го усвои ребалансот на буџетот
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
-

Гостиварци може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење
