Македонија
10. August 2023 - 15:34

Обдукцијата потврди дека сортните коњи во ЗОО Скопје биле отруени со брзоделувачки отров

Од Зоолошката градина Скопје ги соопштија официјалните резултати од обдукциските наоди кои покажуваат дека сортните коњи во ЗОО Скопје се отруени со брзоделувачки отров.

Резултатите од обдукцијата се доставени во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. ЗОО Скопје поднесе и официјална кривична пријава, а по сторителот активно се трага и се проверуваат сите снимки од безбедносните камери.

- Ваквиот срамен и кукавички чин силно го осудуваме и апелираме до МВР и Обвинителството да постапат што е можно побрзо со цел санкционирање на сторителот, стои во соопштението.