Обама: Сериозната работа да се биде претседател „не е за Трамп“

Американскиот претседател Барак Обама го оквалификувал републиканскиот кандидат Доналд Трамп како „шут и неинформиран“ откако тој изјавил дека рускиот претседател Владимир Путин е „подобар лидер“ од Обама.
На брифинг со американските медиуми во Виентијан, главниот град на Лаос, каде престојува, Обама истакнал дека „секогаш кога зборува, станува се појасно дека кандидатот на републиканците (Трамп), не е квалификуван да биде претседател на САД“.
- Да се биде претседател е навистина сериозна работа, а тоа не е за него, рекол Обама.
Во една предизборна дебата со воените старешини и ветераните, пренесувана преку телевизија, Трамп повторно го возвишувал Путин, затоа што рускиот претседател „имал голема контрола во земјата“ и затоа што има поддршка од 82 отсто од руското население.
Обама во Виентијан учествува во работата на Самитот на земјите од АСЕАН, а претходно беше во Кина во рамки на годинешниот Самит на групата Г-20.
- Можам да кажам по серијата взаемни активности што ги имав во изминатите осум-девет денови со светските лидери, дека политиката е сериозен бизнис, им изјавил Обама на американаките медиуми.
Во дебатата на која Трамп повторно се воодушевувал од рускиот претседател, на прашање на водител на телевизијата Ен-Би-Си, републиканскиот кандидат се пофалил со комплиментот на Путин упатен кон него, дека е „брилијантен“.
Ново на Сител
-

Тошковски: Кокаин вреден милион евра запленет во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Загадувањето доаѓа од домаќинствата
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
