Обама: Путин не е сосема убеден во идејата за европско единство

Американскиот претседател Барак Обама изјави во интервју за американската телевизија Си-би-ес, дека според него, рускиот претседател Владимир Путин не е сосема убеден, дека правилното решение е силна и обединета Европа.
- Путин, општо земено, гледа на НАТО, ЕУ, трансатлантското единство како на закана за руската власт. Мислам дека тој греши по тоа прашање. Јас му посочив дека всушност правилното решение е една силна, обединета Европа, која работи со силна и отворена кон светот Русија. Засега тој не е сосема убеден во тоа, рече Обама во интервјуто.
Во него Обама говори и за миграциската криза во Европа и истакнува дека таа не е само европски проблем, туку и проблем на САД, и наведува дека тоа им го посочил и на европските сојузници во Европа.
- Но многу поважно е, поважно од стратегиска гледна точка е „притисокот“, кој миграциското прашање го врши врз европската политика, како го засилува крајнодесничарскиот национализам, го поттикнува распадот на европското единство и тоа во некои случаи се „експлоатира од некого како Путин“, рече американскиот претседател.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
-

Стручна комисија утврди - нема лекарска грешка во третманот на родилката од Струмица
-

Серија средби на Мицкоски во Њујорк
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Платформата „12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ, но без ова раководство со Филипче
