Свет
11. November 2016 - 9:08

Обама бара од Конгресот уште 11,6 милијарди долари во буџетот за воени операции во странство

Американскиот претседател во заминување Барак Обама побара вчера од лидерите на Конгресот да му биде доделен дополнителен буџет во висина од 11,6 милијарди долари за помош при обуката на авганистанските сили за безбедност, за дејствија против ИД, како и за финансирање на поголемиот број војници во странство, јави ТАСС. 

Во барањето се забележува, дека Обама бара законодавците да направат измени во федералниот буџет за новата финансиска година, која започнува на 1 октомври 2017 година, со цел да бидат зголемени финансиите, предвидени за „извршување на операции во странство“. 

Тој предвидува за вонени операции во Авганистан, Сирија и Ирак да бидат одделени 5,8 милијарди долари.

Истата сума тој бара да биде намемета и за дополнување на буџетот на Стејт департментот и Агенцијата за меѓународен развој, која влегува во неговата структура. Таа сума ќе се користи, како за други цели, така и за зголемување на безбедноста на амбасадите, а исто и за укажување на помош на населението од оние региони во Ирак и Сирија, од каде беа протерани џихадистите на ИД и другите екстремисти. 

Така според Обама, ако се земат предвид неговите барања, и ако бидат одобрени, финансирањето на „вонредните операции во странство“ во 2017 финансиска година ќе се зголеми на 85,3 милијарди долари. 

Во одделна писмена декларација, со која се поддржува барањето на Обама, државниот секретар Џон Кери наведе дека САД и нивните партнери разработиле и успешно ја реализираат „сеопфатна стратегија“ за уништување на ИД. 

Кери посочува дека се подготвени за решавачки удар врз ИД за ослободувањето на Мосул во Ирак и офанзива врз Рака во Сирија. 

Барањето на американскиот претседател во заминување треба да биде разгледано на последната сесија на сегашниот состав на Конгресот, која започнува идната недела. 

Неизвесно е дали законодавците ќе го поддржат, оти не се знае какви средства републиканците, кои имаат мнозинство и во двата дома, се подготвени да распределат за серија надворешни проекти од буџетот сега, кога нивниот сопартиец Доналд Трамп ја доби победата на претседателските избори и за два месеци ќе влезе во Белата куќа.