НВО: Спогодбата ЕУ-Турција го прави „невозможна мисија“ барањето азил во Европа
Спогодбата меѓу ЕУ и Турција за пресекување на приливот на илегални мигранти кон Грција го прави барањето азил во земјите од Европа „невозможна мисија“ за најзагрозените, се наведува во заедничката изјава на хуманитарни организации, една година по стапувањето во сила на договорот.
Организациите Меѓународен комитет за спас, Норвешки совет за бегалци и Оксфам нагласија дека согодбата ги изложува мигрантите на опасност и нивна злоупотреба и додадека дека со ова Европа создава опасен преседан.
Спогодбата ЕУ-Турција стапи во сила на 20 март 2016 година, откако над милион бегалци и мигранти од Сирија, Ирак, Авганистан и други земји влегоа во Европа во 2015 година преку грчките острови, пристигнувајќи по море од Турција.
Согласно спогодбата секој оној, кој ќе влезе во Грција без документи може да биде депортиран во Турција, освен доколку не добие азил на грчка територија. Но, поради долгите процедури за добивање азил и големиот прилив на лица кои бараат азил 14 илјади кандидати се блокирани на пет грчки острови, што е двојно повеќе од нивните капацитети.
- Спогодбата ЕУ-Турција е како играње рулет со иднината на некои од најзагрозените луѓе во светот. Оние кои сакаат да побараат азил во Европа имаат невозможна мисија, изјави Панос Наврозидис, директор на грчката филијала на Меѓународниот комитет за спас.
Околу 1,2 милиони лица побараа азил во ЕУ во 2016 година, малку помалку во споредба со претходната година, соопшти вчера Евростат.
Ново на Сител
-
Кац: Израел е решен да го победи Хамас во Газа, ќе дејствуваме како една тупаница
-
Пожарот во ловиштето „Јасен“ сè уште активен, одбраната на објектите на претпријатието продолжува и во текот на ноќта
-
ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија
-
Левит: САД имаат многу алатки за да помогнат во завршувањето на конфликтот во Украина
-
Трамп: Постојат 25 проценти веројатност состанокот во Енкориџ да не успее, Путин е подготвен на договор
-
ЦУК: Од вкупно 27 пожари на отворен простор, активни се шест
-
Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови
-
Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило