Македонија
20. March 2024 - 21:12

НВО: Лицата со попреченост да бидат дел од пратеничките листи и набљудувачките тимови

Ниту ќе има набљудувачи од лицата со попреченост на изборите ниту пак политичките партии покажуваат интерес истите да бидат дел од пратеничките листи. Ако на претходните иазбори лицата со попреченост беа дел од набљудувачките тимови овие избори тоа нема да биде случај. Од здружението Инклузива бараат партиите да покажат интерес и овие лица да бидат дел од листата на пратеници.  

Невладините организации кои ги застапуваат правата на овие лица остро реагираат. Заложбите на политичките чинители да не бидат само декларативни. Не сакаат да бидат само да бидат декор на пратенички листи туку да добијат позиција од која ќе ги бараат своите права. 

Од ДИК пак велат дека рокот за акредитирање на набљудувачи се уште трае и лицата со попреченост можат да се пријават. Статистиката дава поразителни бројки околу инклузивноста на овие лица во изборните процеси.

76% од гласачките места не се пристапни за лица со попреченост, не се вклучени ниту во телата на политичките партии и ги нема на изборните листи. 

На последните локални избори на листите имало само девет лица со попреченост од кои само двајца биле носители на листи а сега еден е претседател на советот во Струга.