Нуредини: Животната средина во фокусот на разговорите со француските сенатори
Визијата на државата за заштита на животната средина во постигнувањето на зелената ЕУ агенда, напредокот во усогласувањето на националното законодавство во областа животна средина со европското право, подготвеноста на државата и динамиката за искористување на предпристапните ЕУ фондови во областа, како и предизвиците со кои се соочуваме во заштитата на животната средина, беа во фокусот на разговорите што министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ги имаше со делегација од францускиот Сенат.
Средбата, како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), е организирана во рамки на посетата на француската делегација на групата за меѓупарламентарно пријателство Франција – Западен Балкан на Сенатот на Француската Република.
Сенаторката Марта Де Сидрак, претседателка на групата, а воедно и заменик претседател на Парламентарниот Комитет за регионално планирање и одржлив развој, ја истакнала заложбата на француската влада за регионална соработка и поддршка во заложбите за заштита на животната средина во нашата земја.
Нуредини уверил дека поддршката од страна на Франција отвора широко поле на соработка во повеќе економски сфери и изразил задоволство од фактот што Франција е подготвена да биде наш стратешки партнер во заштитата на животната средина и климатските промени.
Исто така, Нуредини информирал за актуелните стратешки приоритети и активности што се реализираат од страна на МЖСПП, како и за широкиот спектар на проекти и области за можна соработка, кои би ги поттикнале француските институции за пренесување на нивните искуства, а воедно и поттик на француските компании да инвестираат во земјава.
Целта на соработката, како што наведуваат од МЖСПП, е зајакнување на регионалната соработка, поддршка во евроинтегративниот процес и реформи за побрз одржлив економски и социјален развој, преку поддршка на еколошко одржливи проекти, компатибилни со Договорот од Париз.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
