Нуредини: Пратениците побараа цената на кесите да биде 20 денари

Нашиот иницијален предлог како министерство за животна средина кој помина на влада беше 10 денари за кеса. Но кога дојде законот во Собрание, пратениците побараа да биде 20 денари.Се договоривме да биде 15 денари, рече Насер Нуредини во Тема на денот на Сител.
Како што објаснува тој аргументот на пратениците за 20 денари за кеса бил дека треба да се зголеми цената до степен на целосна забрана за пластика.
-Идејата на кеса од 10 денари е да се обидеме да ги мотивираме граѓаните да не ги користат пластичните кеси. Тие не се разградливи едноставно во природата. Тие се распаѓаат и ја загадуваат почвата и водата. Идејата не е цената, туку да се користи помалку пластика. Ние гледаме на 10-те денари како на 15 центи и тоа е цена која ќе мотивира помалку да се користат, смета Нуредини.
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
