-->
-->
Нуланд на 11 јули во Скопје
-->

Помошник државниот секретар на САД за европски и за евроазиски прашања Викторија Нуланд на 11 јули (понеделник) ќе ја посети Република Македонија, соопшти денеска Стејт департментот.
– Нуланд ќе разговара со високи владини претставници за билатерални и регионални прашања, вклучувајќи ја и потребата за решавање на тековната политичка криза, поддршка на работата на Специјалното обвинителство, и создавање услови за кредибилни избори, се наведува во соопштението.
Посетата на Викторија Нуланд на Македонија е во рамки на нејзината турнеја низ неколку земји во регионот во која се вклучени и Косово, Албанија, Србија и Кипар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гаши го презентише извештајот за неговата двегодишна работа
-

Идните наставници со зелена мисија
-

Спортските настани магнет за туристите
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
