НУ „Стоби“, десет години од откривањето, бара да се реставрира северозападниот бедем околу локалитетот
Како еден од четирите капитални проекти според Проектот за конзервација и реставрација е реставрацијата на северозападниот бедем на локалитетот „Стоби“ и ќе изнесува околу милион евра.
Директорот на НУ „Стоби“ Спасе Перовски изјави дека неговата реализација ќе овозможи заштита на споменик на културата од римскиот и доцноантичкиот период и нова содржина за презентација која ја подобрува визурата и ја зголемува импресивноста на локалитетот.
Перовски рече дека со реализацијата на проектот ќе се постигнат споменатите цели кои директно ќе влијаат на зголемувањето на бројот на посетители.
– Северозападниот бедем на „Стоби“ е долг околу 324 метри, широк е од 2,4 метри до пет метри на местата каде што е удвоен. Сочуван е во височина од три-четири метри и има пет кули. Бедемот е првото нешто кое го забележува секое лице кое се движи по автопатот, локалниот пат или железничката пруга. Со реализацијата на проектот ќе се постигнат споменатите цели кои пак директно ќе влијаат на зголемување на бројот на посетители, појаснува Перовски.
Тој потенцира дека тие како институција, од 2010 година од кога е откриен бедемот, тие речиси секоја година бараат од надлежното Министерството за култура за негова реставрација како еден од четирите капитални проекти за реставрација, но средства за негова реализација досега немаат добиено.
Тој информира дека НУ „Стоби“ како посебен правен ентитет што се грижи исклучиво за Стоби има обврска да обезбеди и дополнителни средства за реализација на проекти надвор од годишната програма на Министерството за култура
– Поради тоа ние аплицираме редовно и на сите конкурси од разни донатори, а кои нудат потенцијални средства,така неодамна конкуриравме и за добивање средства за реализација на овој проект преку Швајцарската агенција за развој и поддршка. Но, на Регионалните форуми во Велес при гласањето на присутните претставници од локалната власт и невладиниот сектор, од девет општини од Вардарскиот регион, овој проект за ѕидините на „Стоби“, за жал беше рангиран на четврто место.Со тоа не влезе во трите приоритетни, а од кои еден ќе се финансира, нагласиПеровски.
Ново на Сител
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи
-
Кандидатите за членови на Судски совет ќе чекаат нова сеница за да дојдат на дневен ред
-
Преглед на вести од светот
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот