-->
-->
Новото Светско фудбалско клупско првенство ќе брои 24 екипи
-->

Светската фудбалска федерација (ФИФА) веќе подолго време размислува да воведе нов систем во Светско клупско првенство, кое треба да биде замена за досегашниот Интерконтинентален куп (Тојота куп).
Според најавите, новото натпреварување треба да стартува од јуни 2021 година, во кое би настапувале 24 тима, а според шпанскиот спортски весник „Марка“ половината ќе бидат од Европа.
Според најавите. Место во ова натпреварување би добиле, европските шампиони од последните четири сезони, како и финалистите од истите, заедно со четирите екипи со најдобар коефициент на рангирање.
Јужна Америка би имала пет претставници, а тоа би биле четите последни јужноамерикански шампиони, плус најдобро рангираниот тим од зоната Конмебол.
Од останатите континенти (Африка, Северна и Средна Америка и Азија) би учествувале по два претставници, односно последните континентални шампиони.
За разлика од досегашниот формат на клупското Светско првенство кое броеше по еден тим од секој континент и траеше шест дена, идното би траело 18 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
