„Новости“: Загреб сака да дојде до документацијата на НДХ
Властите во Загреб сакаат од Белград да ја повлечат документацијата поврзана со усташката творба од времето на Втората светска војна, Независната Држава Хрватска (НДХ), со цел да ја „заробат вистината“, тврди во денешното издание белградскиот весник „Вечерње новости“.
Според весникот, документацијата што ја бара Загреб содржи податоци за усташките логори и за злосторствата што ги извршиле усташите, за дипломатските активности на НДХ, за функционирањето на полицијата, домобранските единици, државните институции и локалните власти, како и повеќе од 200 филмови снимени во тоа време.
- Најголем дел од документите се складирани во архивите на Југославија и на Србија во Белград. Дел се наоѓаат во Воениот архив и во Министерството за надворешни работи, филмовите се во Југословенската кинотека, а мал број документи има и во Архивот на Војводина во Нови Сад, наведува весникот.
„Новости“ тврди дека Хрватска веќе подолго време се обидува преку Комисијата за сукцесија на поранешна Југославија да дојде до оваа историска граѓа и оригиналните документи, кои „ги докажуваат и дополнително ги расветлуваат злостораствата на НДХ“.
- Намерата на Загреб е јасна - да се стави рака врз оваа докуменатција и на тој начин да се зароби вистината, оценува белградскиот весник.
Ново на Сител
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија
-
ДИК не донесе упатство
-
Њујорк или Бурса: Чаирчани ќе избираат помеѓу два архитектонски концепти
-
Дворот на УКИМ речиси празен: Без големи гужви почнаа уписите на факултетите