Свет
15. December 2016 - 18:41

Новоизбарниот претседател на Молдавија најави одземање на државјанството на Трајан Басеску

Новоизбраниот претседател на Молдавија, Игор Додон изјави дека идната недела ќе го поништи указот за доделување на молдавско државјанство на поранешниот претседател на Романија, Трајан Басеску.

Басеску и неговата сопруга Марија добија молдавско државјанство на девети јуни и положија заклетва на трети ноември. Указот беше потпишан од тогашниот молдавски претседател Николае Тимофти.

Басеску, кој беше претседател на Романија од 2004 до 2014 година повеќе пати се изјаснил за обединување на Романија и Молдавија. 

Социјалистот Додон, кој победи на претседателските избори на 13 ноември, изјави дека ќе му го одземе државјанството на Басеску веднаш штом стапи на должност.