Новогодишен саем на книги во организација на „Темплум“

Издавачката куќа „Темплум“ од денеска до 29 декември во ГЕМ клубот во Старата чаршија организира Мал новогодишен саем на книги.
Саемот вечер ќе биде отворен со промоција на книги од едицијата „Друга приказна“ која настана на истоимениот книжевен фестивал за мали фикции кој „Темплум“ го организираше годинава во јуни.
Во рамки на саемот во среда ќе биде промовиран романот „517“ од Сања Михајловиќ-Костадиновска, минатогодишен победник на конкурсот „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис. За книгата ќе зборува Иван Шопов.
Во четврток напладне ќе биде доделена наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис за 2016 година. На конкурсот во најтесен избор влегле ракописите на Јагода Василевска, Ѕвездан Георгиевски, Еписторијановни и Ана Михајлоска.
Истиот ден вечерта ќе биде промовиран романот „Вечниот малограѓанин“ од Еден фон Хорват, кој е втор негов роман во едицијата Магма на „Темплум“ во која во 2003 беше објавен и „Младина без бог“.
Работното време на саемот е од 11 до 21 часот, а утре (вторник) од 11 до 17 часот.
Ново на Сител
-

Електричен тротинет да управуваат само полнолетни лица - Владата предлага построги правила
-

Вработени на ЈУ Националан парк „Пелистер“ спасија срнче на планината Баба
-

Синдром на „златно дете“: Како родителското фаворизирање остава невидливи лузни
-

Гутереш: Адаптацијата кон климатските промени мора да биде главен приоритет на владите
-

Кибер-криминалците бараат стотици илјади евра откуп, Германија главна цел во ЕУ
-

ЦУК: Со поддршка од НАТО, започнува модернизација на системот за управување со кризи
-

Кривични против сопствениците и управителите на две фирми, незаконски се стекнале со над 50 милиони денари
-

ЕУ до 2029 година ќе го воведе дигиталното евро
