Свет
18. November 2023 - 13:32

Ново пукање во САД - Неколку мртви во психијатриска болница, напаѓачот е убиен

Светските агенции јавуваат дека се случило масовно пукање со неколку жртви во психијатриска болница во сојузната држава Њу Хемпшир.

Бројот на жртвите засега не е познат.

Болницата Њу Хемпшир е државна психијатриска болница која се наоѓа во главниот град на таа држава.

Снимките од воздух прикажуваат бројни полициски возила кај болницата.

Одделот за безбедност и управување со вонредни ситуации во државата Њу Хемпшир извести дека болницата е затворена и дека е местото на трагедијата е и понатаму активно, иако опасноста завршила.

Се истакнува дека осомничениот напаѓач е мртов.