Ново продолжение на Анкетната комисија за прислушувањето

Во македонското Собрание денеска треба да продолжи со работа Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.
Комисијата одржа седница и во петокот за кога претседателот на Комисијата Петре Шилегов го најави и белгискиот експерт Питер Ванхауте кој требало да даде исказ за членот 16 од Деловникот кој се однесува на гласањето на претседателот.
Тој ја одложи седницата за денеска со образложение дека дошло до, како што рече, значителен напредок во усогласувањето на ставовите во врска со Деловникот.
- Бидејќи е потребен уште еден извесен период за да ги надминеме разликите за содржината на деловникот помеѓу пратеничките групи се јави потреба од дополнително време, рече Шилегов.
Ставовите меѓу пратениците за суштинските разлики се приближени, но се уште не е постигнат компромис. Спорно беше гласањето на претседателот на Комисијата.
„Комисијата одлуките ги донесува со мнозинство гласови од вкупниот број на членови што е во согласност со одлуката за основање. Претседателот гласа последен. Во случај на поделба на гласовите одлучувачки е гласот на претседателот. Член на комисија кој не се согласува со усвоената одлука може да издвои свое мислење и има право да бара неговото мислење да влезе во записник, стои во предлог-членот, е предвидено во Предлог-Деловникот.
Суштински разлики има и за членот 1 кој се однесува на тоа врз основа на кои законски акти ќе работи Комисијата, во врска со начинот и времетрањето на излагањето на сведоците и за тоа дали да има директен пренос на собранискиот канал на седници на Анкетната комисија.
Ново на Сител
-

Јута прогласи вонредна состојба поради шумските пожари и воведе ограничувања за огномети | ВИДЕО
-

Тошковски: Од првиот ден ja презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет
-

СП 2026: Белгија го победи Нов Зеланд и се пласираше во плејофот како победник во групата
-

СП2026: Франција ја освои групата, Сенегал остана во игра за нокаут фазата
-

Усик се откажа од сите шампионски појаси, но не ја завршува кариерата
-

Трамп најави американски одговор по иранскиот напад врз трговски брод, американската војска потврди напади врз Иран
-

Зеленски: Украина е подготвена за преговори, но Русија мора да го направи првиот чекор кон мирот
-

Завршија општите претреси на предлог-законите од 106. седница, гласањето ќе биде дополнително закажано
