-->
-->
Ново финале за Ѓорческа во сингл
-->

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа (3.носител) успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Штутгарт откако во првото полуфинале ја победи Германката Ана Заја (8.носител) со 2-0 во сетови. Во дуелот на двете носителки Ѓорческа ја потврди добрата форма и по вчерашниот убедлив триумф во четвртфиналето и денеска брзо стигна до победата.
Мечот траеше 67 минути, а двата сета нашата тенисерка ги доби со 6:4 и 6:2 во гемови. Ѓорческа имаше четири брејка во мечот, а противничката само еден.
Утре во финалето ќе игра со подобрата од второто полуфинале Пети Шнидер (Швајцарија) – Далила Јакупович (Словенија).
Денеска Ѓорческа ќе го игра и финалето во игра на двојки со Флоренција Молинеро ќе играат против Аминат Кушхова (Русија) и Диана Сумова (Чешка).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Завршни зборови на судењето против Стојанче Јовановски - се бара максимална казна
-

Филипче: Вајц потврдува дека владата на Мицкоски не сака во ЕУ
-

Одбележан Светскиот ден за безбедност и здравје при работа
-

Сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
-

Денарот стабилен, довербата расте, депозитите во пораст
-

Преглед на вестите од светот
-

Има ли решение за проблемот со ЕЕС?
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
