Новиот рок ја зголеми заинтересираноста за легализација на дивоградби во Гостивар

Изминативе два месеца, во гостиварската локална самоуправа поднесени се над 1.500 нови барања за легализација на дивоизградени објекти. Зголемениот интерес се должи на интересот на печалбарите кои измнатиов период престојуваа во родниот крај, информираат од Секторот за сообраќај и урбанизам во општина Гостивар.
- Динамиката на поднесување на барања е задоволителна, а бележиме и зголемен прилив околу новогодишните празници. Најмногу барања поднеле лицата кои живеат и работат надвор од земјава. До денеска добивме 1.530 нови барања кои најмногу се однесуваат на објекти за индивидуално домување, изјави Јетон Салија, раководител на Секторот за сообраќај и урбанизам.
Општинските власти, решија да овозможат и легализација на 40-тина објекти кои се сопственост на верските заедници. За нив, по предлог на градоначалникот, легализирањето ќе се врши без надомест.
- Наскоро ќе оствариме контакт со одговорните во верските заедници и директно ќе ги запознаеме со поволностите кои ги нудиме, со што се надевам дека конечно ќе решиме предмети кои подолого време стојат нерешени, подвлече Салија.
Рокот за поднесување барања истекува на 31 март, а елаборати може да се поднесуваат до крајот на годината.
До истекот на првичниот рок, во општина Гостивар беа поднесени 8.641 барање за легализација. Досега издадени се 3.031 правосилни решенија за легализација, а 1.743 предмети се во постапка.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
